20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнчелоти го убедува Ешли Кол

Анчелоти го убедува Ешли Кол

esli kolmol

Додека Англичанецот се размислува за својата иднина, пристигна информација дека Реал Мадрид му испратил и официјална понуда.

Ешли Кол во текот на летото си заминува од Челзи, затоа што истече неговиот договор со лондонскиот клуб.

Вчера и самиот фудбалер призна дека си оди од клубот, дека има неколку опции, но и дека наскоро ќе одлучи која е најдобра за него.

Англиските медиуми јавуваат дека во овој момент најконкретен е Реал Мадрид кој најверојатно на Кол му понудил двегодишен договор, вреден дури 10 милиони фунти!

Карло Анчелоти добро ги познава квалитетите на искусниот англиски фудбалер, а и самиот Кол неодамна изјави дека има желба да се тестира во Шпанија, па така се претпоставува дека „кралевите“ во овој момент се негова прва опција.

Инаку, интерес за 33-годишниот фудбалер покажаа и Ливерпул, Манчестер Сити, Јунајтед и Арсенал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП