2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ ја започнува операцијата „Азар“

ПСЖ ја започнува операцијата „Азар“

Eden-Hazard psg

„Светците“ јасно порачаа дека во текот на летото никој нема да ги сопре да ги доведат играчите кои ги посакуваат, а еден од нив и прв на листата е Еден Азар.

Од ПСЖ не го кријат интересот кон одличниот белгиски фудбалер, не крие ниту Азар дека би сакал „еден ден“ да заигра во главниот град на Франција, т.е. порачува дека би било тешко да ја одбие својата поубава половина, доколку таа му „нареди“ да се преселат во Париз.

Раководството на ПСЖ има средства на располагање за да го реализираат својот план, но Мурињо има желба да го задржи Белгиецот во своите редови. Сепак, доколку самиот играч се предомисли, тогаш нема причина да се држи незадоволен фудбалер во тимот?

Прогласен за млад фудбалер на годината во Премиер лигата, Еден Азар оваа сезона постигна 17 гола на 49 средби во сите натпреварувања, а беше еден од фудбалерите кои влијанието на играта на лондонскиот тим е немерливо.

Сепак, 50 милиони како сума која се шпекулира дека французите ја подготвиле, би можела да биде доволна да го заинтригира Мурињо, објавуваат европските медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП