28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрсенал им ги „мати“ сметките на Челзи и Јувентус

Арсенал им ги „мати“ сметките на Челзи и Јувентус

mario arsenal

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер го вклучил во трансферниот список хрватскиот репрезентативец и голгетер на Баерн, Марио Манџукиќ, кој беше изваден од групата на „баварците“ за финалето против Борусија Дортмунд во Купот на Германија во текот на викендот.

Според „Дејли Меил“, носителот на Купот на Англија ќе инвестира 120 милиони евра за нови засилувања. „Топџиите“ сепак ќе се борат за потписот на Манџукиќ со градскиот ривал Челзи, кој исто така го сака Хрватот како евентуален дел од договорот за Давид Луис, како и со италијанскиот шампион Јувентус. „Бјанконерите“ сакаа да го привлечат Хрватот уште во зимскиот преоден рок.

Кај сите споменати клубови Манџукиќ ќе добива поголема плата од онаа во Баерн, каде заработува по 5 милиони евра на сезона.

Хрватот не е во добри односи со тренерот Пеп Гвардиола уште по реваншот против Реал Мадрид (0:4) во полуфиналето на Лигата на Шампионите. Се очекува баварците да побараат за напаѓачот најмалку 25 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП