4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОCasa Milan - новиот дом на „росонерите“ (видео)

Casa Milan – новиот дом на „росонерите“ (видео)

Inauguration of new AC Milan headquarters

Тимот на Милан конечно има повод за радост. Откако заврши една од најтешките сезони и ќе ги пропуштат европските клубски турнири за прв пат по 16 години, „росонерите“ добија барем една добра вест.

Од вчера официјално вратите ги отвори новиот дом на клубот – „Каса Милан“. Освен административниот центар, во зградата ќе има огромен фан шоп, клупски музеј, ресторан, канцеларии и слично.

Однадвор пак има огромен екран на кој ќе бидат пренсувани сите дуели на Милан. На свечена церемонија, на која присуствуваа фудбалерите и раководство на „росонерите“, лентата на новиот дом ја пресекоа раководителите Барбара Берлускони и Адриано Галијани.

Околу стотина приврзаници на Милан го пречекаа тимот пред зградата, а најмногу аплаузи доби тренерот Кларенс Сидорф, кој во овој момент има огромна доверба од страна на тифозите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП