27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNLB групацијата оствари профит од 28,6 милиони евра

NLB групацијата оствари профит од 28,6 милиони евра

nlb112145

Словенечката групација „NLB“ во првиот квартал оствари нето профит од 28,6 милиони евра, во што придонесот на матичната банка во Словенија изнесуваше 23,6 милиони евра, соопшти вчера раководството на најголемата словенечка банка.

„NLB“ за покривање на потенцијалните идни загуби одвои 23,6 милиони евра, што е за 37 проценти помалку во однос на истиот период минатата година, пренесува словенечката новинска агенција СТА.

„Постигнавме стабилни резултати пред издвојувањето на средства за потенцијалните идни загуби, и најновите резултати се за десет проценти подобри во однос на минатата година“, изјави директорот на НЛБ, Јанко Меѓа на конференцијата за новинарите.

Според неговите зборови, планот за отпуштање на 700 вработени, кој беше најавен минатиот мај, речиси целосно е реализиран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП