3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Ѓаволите“ и официјално добија нов менаџер

„Ѓаволите“ и официјално добија нов менаџер

LouisvanGaal001

Рекордерот со 20 шампионски титули на Англија, Манчестер Јунајтед официјално го најави актуелниот селектор на Холандија, Луис ван Гал за нов менаџер. Договорот на 62-годишниот холандски стратег ќе биде за три сезони до летото 2017-та година, а негов асистент ќе биде досегашниот привремен менаџер на тимот Рајан Гигс, кој го наследи отпуштениот Дејвид Мојс. Во таборот на Холанѓанецот, кој ќе почна со работа на „Олд Трафорд“ по СП 2014 во Бразил, како асистенти влегуваат уште Франс Хоек и Марсел Боут.

Луис ван Гал е меѓу докажаните тренери на високо европско ниво во последните 20 години. За овој период тој освоил шампионски титули и национални Купови во три различни земји (Холандија, Шпанија и Германија), како и Лигата на Шампионите, УЕФА Купот, Интерконтиненталниот куп, два Суперкупови на Европа и Суперкупот на Холандија и Германија.

„Секогаш сум сакал да работам во Премиер лигата. Преземањето на менаџерскиот пост во Манчестер Јунајтед, најголемиот клуб во светот, ме прави исклучително горд. Веќе сум бил на „Олд Трафорд“ како тренер и знам каква неверојатна арена е, колку посветени и страствени се навивачите на тимот. Клубот има големи амбиции, а и јас исто така. Сигурен сум дека заедно ќе напишеме историја“, рече Ван Гал.

Велшката легенда на „црвените ѓаволи“ Рајан Гигс ќе биде асистент на Ван Гал, откако веќе го водеше тимот привремено во последните четири круга од Премиер лигата на веќе изминатата сезона која Јунајтед ја заврши на најсрамното за клубот, седмо место и ќе ги пропушти евротурнирите.

„Во лицето на Луис ван Гал си обезбедивме услуги на одличен менаџер. Тој постигнал толку многу во својата кариера, а „Олд Трафорд“ му обезбедува соодветна сцена да напише ново поглавје во историјата на Манчестер Јунајтед“, најави извршниот директор на „црвените ѓаволи“, Ед Вудворд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП