6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДрогба си заминува од Галатасарај

Дрогба си заминува од Галатасарај

drogba

Една од големите ѕвезди на Галатасарај веќе не е дел од тимот. Дидие Дрогба официјално објави заминувањето и се збогува со навивачите.

Напаѓачот имаше обврска со клубот до крајот на сезоната, но во Истанбул се надеваа дека ќе го продолжи договорот. Сепак, тоа нема да се случи.

„Драги фанови, драги браќа, драги сестри! Уште од првиот ден на моето доаѓање во Турција, вие ме направивте тука да се чувствувам како дома. Неспоредливо е да поделиш и да се живее со емоциите кои ги имав со моите турски пријатели. Престојот тука е незаборавен“, напиша Дрогба на својот профил на една од социјалните мрежи.

Тој, сепак, не сакаше да сподели со своите фанови, какви се неговите планови за иднина. Засега е познато дека тој ќе учествува на Светското првенство во Бразил.

Но според гласините, по Мундијалот тој можеби ќе се врати во Челзи, кој е единствениот голем тим кој е подготвен да му понуди договор.

Ако не се договори со „сините“, Дрогба или ќе престане со фудбалот, или ќе отиде во некој богат блискоисточен клуб, за да поигра за пари уште некое време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП