7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса ќе ja менува играта во напад, поради тоа го сака Љоренте

Барса ќе ja менува играта во напад, поради тоа го сака Љоренте

lljorente

Новиот тренер на Барселона Луис Енрике, чие назначување е само прашање на време, размислува за промена во стилот на играта во напад. Идејата е каталонците да имаат типичен напаѓач како „№ 9“, на каков што не придржуваа Херардо Мартино, Тито Виланова и Пеп Гвардиола по разделбата со Златан Ибрахимовиќ.

Поради оваа причина, главна цел на клубот идното лето ќе биде привлекувањето на Фернандо Љоренте од Јувентус. Идејата на Енрике е повеќе тоа да биде опција во нападот, а не радикална промена во играта на тимот, која во моментов е подредена на идејата за „лажна деветка“ во лицето на Лионел Меси.

Инаку Љоренте изгледа како совршен избор. Тукушто тој ја заврши сезоната во калчото како шампион, а притоа реализираше 16 гола за „старата дама“. Според „Спорт“, поранешната ѕвезда на Атлетик Билбао дури нема да се лути, ако понекогаш останува резерва. Какви и сметки да си прават на „Камп Ноу“, сепак, сите тие можат да не се реализираат, бидејќи тешко е за верување дека Јувентус така лесно ќе се согласи да го продаде играчот.

Надежта на „каталонците“ е дека самиот репрезентативец на Шпанија би бил среќен да се врати во Примера дивизион, а освен тоа како дел од договорот може да биде вклучен Алексис Санчез. Упорно се тврди дека чилеанскиот напаѓач на Барса веќе ги договорил личните услови со „старата дама“, но засега недостига договор на ниво клуб-клуб.

Покрај тоа неодамна тренерот на Јуве, Антонио Конте призна дека не располага со доволно средства за нови ѕвезди и тоа може да го принуди раководството да ја прифати евентуалната понуда на Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП