9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВенгер останува до 2017-та

Венгер останува до 2017-та

vengerrer

Во среда за радост или тага на навивачите на Арсенал, менаџерот на тимот Арсен Венгер ќе потпише нов договор.

Според информациите на англиските медиуми, тој веќе ги договорил и последните детали со сопствениците на клубот, а интересно е дека договорот ќе е подолг од првично очекуваното. Се тврдеше дека Французинот ќе се остане кај „топчиите“ до 2016-та година, но веќе е сигурно дека рокот на договорот истекува на 30-ти јуни 2017-та година.

Позната е и платата која ќе ја добива искусниот менаџер, па така тој сега ќе зема по 7.5 милиони фунти или вкупно 22.5 милиони за целиот рок на договорот.

Ова е мало зголемување во споредба со сегашната плата. Ќе има и бонуси за добрата презентација на тимот и неговите пари може да се зголемуваат до 8 милиони фунти годишно.

Венгер е на чело на Арсенал од октомври 1996-та година,а ако го исполни новиот договорот до крајот, тој ќе остане на чело на тимот 21 година.

Французинот во саботата успеа со тимот да го освои првиот трофеј по девет годишна пауза. Арсенал во продолженијата успеа да слави со 3:2 над Хал Сити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП