6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ победник на Мастерсот во Рим

Ѓоковиќ победник на Мастерсот во Рим

d

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е победник на Мастерс турнирот во Рим.

Тој во финалето го совлада најдобриот светски рекет Рафаел Надал со 2:1 во сетови.

Надал подобро го почна мечот и првиот сет го доби со 6:4 во гемови откако направи серија од 4:0.

Во следните два сета Ѓоковиќ беше поуспешен и со 6:3 во двата сета стигна до победата.

Ова за Ѓоковиќ беше 19-та победа во меѓусебните дуели со Надал, а имаат одиграно вкупно 41 меч.

На последните девет Мастерс турнири во Рим, Надал победувал 6 пати, а Ѓоковиќ – 3 пати (2008, 2011 и 2014 година).

Ова е 41. титула во кариерата на Ѓоковиќ или 19-та на Мастерс турнирите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП