3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКвалитетен сладолед од прилепска „Милина“ со совети од холандски експерт

Квалитетен сладолед од прилепска „Милина“ со совети од холандски експерт

sladoled23

Прилепската фабрика за сладолед и теста „Милина“ ќе го унапредува квалитетот на производството и обемот на извоз, со совети од холандскиот експерт Мишел Липс.

Ангажиран е преку владиниот проект за помош на домашните компании со совети од странски екперти. Во „Милина“ го пренесува триесет-годишното искуство во работењето со производство на сладолед.

„Мојата задача е да го пренесам долгогодишното искуство во технологијата на производството на сладолед, а тоа го правам во мали и компании во развој. Овде, во фрабриката „Милина“ има голема желба и интерес да се научи како да се одржи и зголеми квалитетот на производот“, рече Липс, кој е дел од тимот експерти ангажирани во втората фаза од проектот.

Сопственикот на фабриката „Милина“, која дневно произведува од 20 до 40 тони сладолед, Бранко Јовановски вели дека научиле многу од Липс, експерт со светско реноме и оти се задоволни што го ангажирале.

„Тука е седум дена и ќе биде уште една недела. Научивме како самата суровина да ја прочитаме, составот на суровината и да направиме добра рецептура каде ќе имаме сооднос на протеини, масленост, шеќер. Денеска имаме извоз за Босна, договорен ни е извоз за Бугарија и за Албанија, извезуваме на Косово, а веќе сме во преговори и за извоз во скандинавските земји“, рече Јованоски.

Наскоро, најави, ќе ангажираме нов експерт за составот на тестото, што ќе го произведуваме во новата фабрика за која купивме и нова технологија. Дневно произведуваме од 20 до 40 тони сладолед.

„Со странските експерти се зголемува производството со висок квалитет, ќе се проширува и се отвора множноста и за нови вработувања“, вели Ристески.

Ангажирањето странски експерти во домашните компании е владин проект што се одвива во две фази. Во тек на првата фаза на компании во Македонија совети им даваа 15 експерти од Германија, Холандија, од Швајцарија, ЕБРД. Во втората фаза, на секои 45 до 60 дена ќе пристигнуваат 15 експерти кои треба да помогнат во стабилноста и зголемувањето на профитабилноста во фирмите. За помош од странски експерти, се пријавија вкупно 105 компании од преработувачката индустрија, информатичката дејност, од туризмот, образованието, земјоделските дејности. Покриеноста со експерти е од 50 до 200 вработени.

Листата на експерти ќе се проширува и од останатите развиени земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП