
Луис Енрике објави дека ќе ја напушти функцијата тренер на шпански фудбалски клуб Селта на крајот на сезоната.


Луис Енрике објави дека ќе ја напушти функцијата тренер на шпански фудбалски клуб Селта на крајот на сезоната.
„Сметам дека е дојден моментот да ве известам дека следната сезона нема да останам во Виго“, изјави Енрике, но не сакаше да коментира на подетални прашања за својата иднина.
44-годишниот стратег најверојатно ќе биде заменик на Херардо Мартино на кормилото на гигантот Барселона.
Интересно е дека во својата кариера како фудбалер Енрике играше на „Камп Ноу“ во периодот 1996-2004, каде пристигна од редовите на големиот ривал, Реал Мадрид.
Поранешниот шпански репрезентативец ја започнува својата тренерска кариера во вториот тим на Барселона во 2008-та година, по што една сезона го предводеше италијанскиот клуб Рома, а минатото лето ја презеде Селта. Под негово водство тимот од Виго заигра атрактивен фудбал и еден круг пред крајот го зазема осмото место на табелата во Примера, а минатата недела го победи Реал Мадрид со 2:0 и ги лиши „кралевите“ во битката за титулата.