4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси бараше и си доби, стана најплатениот фудбалер

Меси бараше и си доби, стана најплатениот фудбалер

mesi dogovori

Големата ѕвезда на светскиот фудбал Лионел Меси и Барселона најдоа заеднички јазик за нов договор, се пофалија од каталонскиот клуб.

Новиот договор ќе биде потпишан официјално во следните денови. Од „Камп Ноу“ не соопштуваат конкретно за времетраење на договорот, ниту колкава ќе биде платата на играчот.

Според шпанските медиуми Лео ќе парафира до летото 2018-та година со годишна нето плата од 20 милиони евра плус уште три милиони за бонуси. Клаузулата за раскинување ќе е 250 милиони евра.

Интересно е дека и актуелниот договор на Меси е до 2018-та година. Рокот нема да биде продолжен, ниту ќе биде променета откупната клаузула – 250 милиони евра. Платата на играчот е единственото нешто што ќе се промени и таа сега изнесува 20 милиони плус три милиони со бонуси, со што Аргентинецот ќе стане најплатениот фудбалер на планетата.

„Каталонците“ делумно ја добија битката за рекламните права на својот најдобар фудбалер, открива весникот „Марка“. Барселона ќе може да ја користи сликата на Меси самостојно, а не како досега – само и единствено како дел од тимот со други соиграчи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП