3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ Концептот A3 clubsport quattro со 525ks (фото)

Концептот A3 clubsport quattro со 525ks (фото)

besno audi

„Audi“ на Интернет го претстави концептот „A3 clubsport quattro“ кој на јавноста ќе и биде прикажан за неколку недели на манифестацијата „Worthersee“ која се одржува од 28-ми до 31-ви мај. Овој концепт е базиран на седан моделот „Ѕ3“.

Овој автомобил наместо четирицилиндарскиот 2.0L TFSI мотор кој развива 300ks, превземен е познатиот петцилиндарски 2.5L TFSI агрегат од моделот „RS Q3“.

besno audi1

Кај споменатиот модел овој мотор развива 310ks, но за најновиот концепт е дополнително модифициран и развива 525ks, додека максималниот вртежен момент е зголемен на 600Nm од 420Nm колку што има кај серискиот модел.

besno audi2

Возилото има маса од 1527kg, па поради тоа му е потребно само 3.6 секунди за забрза од 0 дo 100km/h, додека максималната брзина изнесува 310km/h. Ваквите перформанси се овозможени со инсталирање на поголем турбополнач, како и различен интеркулер. Оваа моќ се пренесува на системот „quattro“ за погон на сите четири тркала и тоа преку седумстепениот „S tronic“ менувач кој е опремен со „launch control“ опцијата.

besno audi5

Во споредба со седанот „S3“, концептот доби поголема спортска суспензија која ја намалува каросеријата за околу 10mm, а од „Audi“ избраа 21- инчни тркала. „A3 clubsport quattro“ ја има бојата „Magnetic blue“ на екстериерот на агресивната каросерија која вклучува „CFRP“ предни и странични додатоци, а тука е и големиот заден дифузор и овалните издувни цевки. Тука се и „Audi Matrix LED“ предните светла кои се инсталирани на овој концепт.

besno audi4

Засега нема никакви планови дали овој концепт ќе се најде во производство, но од „Аudi“ истакнуваат дека петцилиндарскиот 2.5L TFSI мотор ќе го најде своето место под хаубата на претстојниот „RS3“ модел.

besno audi3

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП