15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБордо призна дека преговара со Зидан

Бордо призна дека преговара со Зидан

zizu bordo

Претседателот на Бордо, Никола де Тавернос, призна дека клубот сака за свој тренер да ја земе легендата на францускиот фудбал. Зинедин Зидан.

Зизу во моментов е помошник на Карло Анчелоти во Реал Мадрид, но францускиот прволигаш го сака како заменик на Френсис Жило, кој ќе го напушти клубот на крајот на сезоната. Според Де Тавернос веќе се одржани разговори со светскиот шампион од 1998-та.

„Постојат разговори, но има и доста услови кои мора да бидат реализирани за да се оствари оваа идеја. Во моментов работите се отворени и одлуката претстои. Присуството на Зидан во Бордо било од многу големо значење за нас“, вели претседателот на Бордо.

Според весникот „Le Parisien“ Зидан побарал пет нови засилувања за да пристигне во клубот, но во моментов од раководството му објасниле дека можат да ветат само тројца сериозни нови играчи. Па поради тоа останува да се види дали Зизу ќе ја прифати понудата од Бордо или пак ќе остане во редовите на „кралевите“, па таму да ја чека својата шанса како прв тренер на Реал Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП