7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗŠKODA оствари најдобар „април“ во својата историја

ŠKODA оствари најдобар „април“ во својата историја

skoda octavia g-tec

Испораките на „ŠKODA“ пораснале за 15,5% или на 89.600 возила во април (април 2013-та – 77.600), што го прави најдобар месец во историјата на компанијата. „ŠKODA“ ја зголеми продажбата за 20,7% во Европа, во Кина за 7,6%, a во Русија за 3%. Новата „ŠKODA Octavia“ се покажа како голем хит и доживеа раст на продажбата ширум светот од 30%. Испораките на моделот „ŠKODA Octavia“ порасна за скоро 60% во Западна Европа.

„Задоволни сме што продолжува позитивниот тренд во последните неколку месеци. Нашите млади и атрактивни модели се инспирација за се поголемиот број на купувачи. По постигнувањето на најдобриот резултат во април досега, ние без проблем го престигнавме нашиот претходен рекорд од првиот квартал. Нашиот бренд продаде повеќе автомобили во првите три месеци од оваа година, од било кога досега“, вели Вернер Ајсхорн, член на Управата за продажба и маркетинг во „ŠKODA“.

Во наредните месеци, „ŠKODA“ планира да продолжи со најголемата офанзива на модели во корпоративната историја на компанијата. Кон крајот на овој месец на пазарот доаѓа новата „ŠKODA Octavia G-TEC“, првиот модел на „Octavia“ кој ќе користи природен гас. Новата „ŠKODA Octavia Scout“ ќе биде пуштена на пазарот во текот на летото.

Покрај тоа, тука се уште и трите нови спортски верзии на „ŠKODA Yeti“, „ŠKODA Rapid Spaceback“ и „ŠKODA Citigo“.

Компанијата исто така во првата половина од оваа година, има во план да ги водеде моделите „ŠKODA Octavia“ и „ŠKODA Rapid Spaceback“ во Кина – за брендот најголемиот поединечен пазар.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП