9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗа 24 часа ќе биде познат новиот менаџер на „ѓаволите“!

За 24 часа ќе биде познат новиот менаџер на „ѓаволите“!

Old Trafford Stadium, inside

Раководството на Манчестер Јунајтед ќе го прогласи Луис ван Гал за нов менаџер на клубот од „Олд Трафорд“ за 24 часа, објави англискиот таблоид „Мирор“.

Според изданието, холандскиот специјалист веќе има потпишано договор со „црвените ѓаволи“, кој му обезбедува 7 милиони фунти годишна плата. Вчера се одржа средба меѓу Холанѓанецот и привремениот менаџер на 20-кратниот шампион на Англија, Рајан Гигс. На неа двајцата се договориле Велшкиот ветеран да остане во штабот на Ван Гал како асистент, по престанокот на фудбалската кариера.

Се смета дека договорот на Ван Гал со Манчестер Јунајтед ќе биде за период од две години. Во овој период Гигс ќе го „изучува занаетот“ од 62-годишниот специјалист и потоа се очекува сам да го преземе кормилото на тимот од „Олд Трафорд“.

Обезбедувањето на Гигс на функцијата асистент на Ван Гал значи дека варијантата Патрик Клајверт да го следи холандскиот национален селектор во Манчестер Јунајтед како негов помошник, отпаѓа. Во таква ситуација фаворит за втор асистент на Ван Гал на „Олд Трафорд“ е поранешниот тренер на Фулам, кој неодамна е вработен во Манчестер Јунајтед, Рене Муленштајн.

Практиката во клупската кариера на Ван Гал е да назначува двајца помошници – еден поблизок до клубот и еден во повеќето случаи негов сонародник. Такви беа случаите во АЗ Алкмар, Барселона и Баерн Минхен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП