2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвропските гиганти во „лов“ на Ковачиќ

Европските гиганти во „лов“ на Ковачиќ

matea2

Хрватскиот репрезентативец со добрите игри на крајот на сезоната ги заинтересира бројните европски великани. Италијанците пишуваат дека за него интерес покажале Јунајтед, Ливерпул, Арсенал…

Најдобриот тренер во Премиер лигата сериозно „загризал“ за Матеа Ковачиќ (20). Според пишувањето на италијанскиот спортски весник „Gazzetta dello Sport“, Брендан Роџерс ова лето има намера во Ливерпул да го доведе храватскиот репрезентативец и да тргне во нов „лов“ за титулата во Англија.

Но според пишувањето на италијанците, Ливерпул тешко дека ќе може да се избори за услугите на Ковачиќ, затоа што раководството на Интер неколку пати потенцираше дека нивниот тим ќе се гради токму околу хрватскиот репрезентативец.

Покрај тоа, за Матеа се заинтересирани и бројни други европски гиганти, како Манчестер Јунајтед, кој ова лето во целост ќе го менува тимот, но и Арсенал и Борусија Дортмунд, кои за Ковачиќ се интересираа уште додека играше во Динамо.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП