Првите „Android Wear“ паметни часовници беа најавени уште во март, поточно, двата уреди – „Moto 360“ и „LG G watch“. Станува збор за часовници со традиционален изглед, но со екрани чувствителни на допир. Меѓутоа, како би изгледал вистинскиот традиционален луксузен часовник, како на пример „Roleх“ кога би ги имал нивните функции.
Досега имавме можност да ги видиме само овие два часовници кои го користат новиот „Android“ оперативен систем за ваквите уреди, но еден тим одлучи да направи концептен дизајн на луксузен паметен часовник, а за свој пример го земале „Rolex“.
Германското студио „Curved“ направи анимирано концептно видео во кое се прикажува „Android Wear“ во куќиштето на „Rolex“.
Иако паметните часовници како што се „Pebble“ и „Sony SmartWatch 2“ имаат изглед кој е наменет за луѓето кои се фасцинирани од технологијата, а новиот концепт има различен пристап и ни нуди вовед во тоа како би изгледал луксузен часовник во кој е вметнат „Android Wear“, иако не бил направен за него.
Меѓутоа, за жал на многумина, оваа идеа ќе остане само концепт, поради тоа што засега не се најавенени планови за правење луксузни часовници со оперативниот систем на „Android“.