Себастијан Џовинко може да го напушти Јувентус во летниот преоден рок. Ова го соопшти агентот на фудбалерот, Клаудио Паскуалин.
27 -годишниот фудбалер одигра само 17 натпревари во оваа сезона во дресот на „бјанконерите“, а притоа постигна само два погодоци.
Паскуалин објави дека во Џовинко во моментов има две опции.
„До крајот на договорот на Себастијан со Јувентус останува уште една година. Сепак ние мораме да почекаме уште неколку недели и да видиме што ќе се случи“, коментира агентот на фудбалерот.
„Ако од раководството на клубот му понудат на Себастијан нов договор, ќе биде убаво . Ако тоа сепак не се случи, ние ќе се обидеме да му најдеме нов клуб“, рече уште Клаудио Паскуалин.
Доколку Џовикно не успее да најде заеднички јазик со првите луѓе на Јуве, како негова следна дестинација се споменува Лондон. Уште во минатото лето, како и во зимскиот преоден рок интерес кон него покажа Арсенал, а Арсен Венгер неколку пати ги потенцираше квалитетите на Италијанецот.
Инаку, моменталната цена на фудбалскиот пазар на Џовинко изнесува околу 12 милиони евра.