10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТери останува на „Стемфорд Бриџ“ барем уште една година

Тери останува на „Стемфорд Бриџ“ барем уште една година

teri more

Капитенот на Челзи Џон Тери потпиша нов едногодишен договор и ќе остане на „Стемфорд бриџ“ барем до летото 2015-та година.

Сегашниот договор на 33-годишниот централен дефанзивец истекуваше во јуни, а до пред година ипол голема беше веројатноста да не добие понуда за продолжување на истиот.

По враќањето на Жозе Мурињо во Челзи, сепак Тери повторно доби шанса да игра постојано и се претстави исклучително добро во оваа сезона. Тој одигра 47 средби во сите натпреварувања, вклучувајќи 34 од 38-те во Премиер лигата и 11 од 12-те во Лигата на Шампионите.

„Среќен сум што потпишав нов договор и ќе ја почнам дваесеттата година во Челзи. Сакам да се заблагодарам на навивачите и на клубот, како и на менаџерот кој одигра клучна улога за мене во минатата сезона“, изјави Тери.

Тери е од младинската школа на Челзи и дебитираше за првиот тим со 17 години во 1998-та година. Оттогаш тој има настапено на 621 натпревар во дресот на „сините“, освојувајќи три титули во Премиер лигата, пет Купа на Англија, две Лига Куп, два трофеи во „Комјунити Шилд“, како и Лигата на шампионите во 2012-та година и Лига Европа во 2013-та година.

Англискиот репрезентативец беше избран за играч на годината во Премиер лигата во 2005-та година, во 2001-ва и 2006-та година беше избран за играч на годината во Челзи, а во 2005-та, 2007-та, 2008-та и 2009-та година беше селектирани во идеалниот тим на УЕФА.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП