7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвропските гиганти се впуштаат во битка за Ди Марија

Европските гиганти се впуштаат во битка за Ди Марија

angel_di_maria2222

Неколку од најголемите европски клубови со нетрпение го очекуваат стартот на летниот преоден рок, а причината за тоа е желбата во своите редови да го доведат крилото на Реал Мадрид, Анхел Ди Марија, пишува „Marca“.

Според весникот, ПСЖ, Монако, Арсенал и Манчестер Сити се најсериозни кандидати за купување на Аргентинецот, а сите подготвиле по околу 40 милиони евра за него.

Додека во Реал Мадрид сите се фокусирани на претстојното финале во Лигата на шампионите, сепак во клубот има и луѓе кои мислат веќе за селекцијата и иднината, и токму тие се подготвуваат за продажба на Ди Марија.

Неименувани извори тврдат дека сите заинтересирани клубови сакаат многу брзо да се дојде до трансфер, уште пред Светското првенство, бидејќи доколку Анхел Ди Марија има одличен настап на Мундијалот, неговата цена значително ќе се зголеми.

Самиот Анхел Ди Марија е решен да си замине од „Сантијаго Бернабеу“, откако го загуби првотимскиот статус за сметка на Герет Бејл, но сепак останува да се види, дали тренерот Анчелоти ќе се одлучи за продажба на најдобриот асистент во тимот и во првенството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП