8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛестер со 220 милиони евра ќе брка пласман меѓу Топ 5

Лестер со 220 милиони евра ќе брка пласман меѓу Топ 5

lester champs11

Сопственикот на новајлијата во Премиер лигата на Англија, Лестер, постави за цел за три години тимот да се рангира во првата петорка на првенството.

Тајландскиот милијардер Вичаи Сриваддханапрабха изрази задоволство дека „лисиците“ ја имаат освоено титулата во Чемпионшип дивизијата и се враќаат во елитата по десетгодишно отсуство, па тој веќе ги постави новите цели на клубот.

„Ќе не чини огромна сума на пари, најверојатно околу 220 милиони евра, за да стигнеме до таму. Но тоа нема да ни пречи. Очекувам за три години да бидеме меѓу најдобрите пет, но нема веднаш да ги предизвикаме петте најсилни тимови“, изјави Сриваддханапрабха.

„Имаме ли шанси да ги победиме? Да, имаме. Но мислам дека треба прво да се вклопиме добро во првенството и потоа да размислуваме за нашиот следен чекор“, рече тој.

Тимот на Најџел Пирсон собра 102 поени на патот кон титулата во Чемпионшип дивизијата, па поради тоа менаџерот го дели оптимизмот на сопственикот.

„Важно е да продолжиме да се развиваме и да веруваме во тоа што го сакаме. Да, можеме да бркаме пласман во топ 5, но се разбира, чекор по чекор“, вели Пирсон.

Лестер трипати се квалификувал за учество во европските клупски турнири, а за последен пат тоа го направи во 2000-та година, како носител на Купот на лигата. Тој отпадна уште во првиот круг во Купот на УЕФА со резултат 2:4 против Црвена ѕвезда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП