10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПо Видиќ од Јунајтед си заминува и Фердинанд

По Видиќ од Јунајтед си заминува и Фердинанд

rio vida

Уште еден славен ветеран му рече „Збогум !“ на Манчестер Јунајтед по неуспешната сезона. Тоа е дефанзивецот Рио Фердинанд.

На 35-годишниот поранешен англиски репрезентативец другиот месец му истекува договорот. Тој од извршниот директор Ед Вудворд дознал дека нема да добие нов договор, пишува „Дејли Меил“.

Лошата вест за Рио му била соопштена во соблекувалната, веднаш по последниот сезонски натпревар против Саутемптон. Тоа се случило пред доста од неговите соиграчи.

На својата интернет страна, Рио исто така објави дека го напушта тимот.

„Дојдов во Манчестер Јунајтед со мислата заедно да освојуваме трофеи, но и во најхрабрите соништа не сум помислил дека можеме да бидеме толку успешни. Имам толку многу спомени: да играш рамо до рамо со страшни играчи кои потоа станаа добри пријатели, мојата прва титула во Премиер лигата и се разбира фантастичната ноќ во Москва се сеќавања, кои ќе ги ценам засекогаш“.

Во Англија сметаат дека ветеранот не заслужил таков однос поради неговата долга кариера на „Олд Трафорд“ и постигнатите успеси, но и покрај тоа во пракса му „била покажана вратата“.

Фердинанд се приклучи на Јунајтед од Лидс во јули 2002-ра година за сума од 30 милиони фунти, што беше рекорд во Англија во тоа време. Рио има 454 натпревари за „црвените ѓаволи“, во кои постигна осум гола. Шест пати ја има освоено титулата во Премиер лигата, два пати Лига Купот, пет пати ФА Купот, има една од Лигата на Шампионите, како и една од Светското клупско првенство.

Сигурно дефанзивецот ќе ја продолжи кариерата. „Се чувствувам здрав и подготвен за следниот предизвик, каква и да е иднината за мене“, напиша Рио во својот сајт.

Во моментов тој разгледува три понуди. Тие сепак не се од водечките тимови во Европа. Фердинанд е баран од тимови во САД, Средниот Исток и Кина.

Пред него од клубот си замина неговиот долгогодишен партнер во средината на одбраната Немања Видиќ, а се очекува тоа да го стори и Патрис Евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП