19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПо Мудијалот Давид Луис се сели на „Ноу Камп“

По Мудијалот Давид Луис се сели на „Ноу Камп“

busav

Дефанзивецот на Челзи, Давид Луис ќе премине во Барселона со трансфер вреден 32 милиони фунти по Светското првенство, пишува „Daily Star“.

Жозе Мурињо подготвува големи промени во Челзи во текот на летото. Неговата главна цел е да доведе голгетер од светска класа и Диего Коста е прв во неговата листа. Но поради новите правила за финансиски ферплеј, „Специјалниот“ ќе треба да се усогласи со трошоците за нови играчи, па така првото големо име кое ќе биде продадено е Давид Луис.

Во Бразил веќе пишуваат дека Луис се согласил да потпише 5-годишен договор со клубот од „Ноу Камп“, но зделката официјално ќе биде објавена по Мундијалот.

Давид Луис помина три сезони на „Стемфорд Бриџ“ и ја освои европската титула во Лигата на шампионите со Челзи во 2012-та година.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП