28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСе продава Астон Вила

Се продава Астон Вила

aston vila prodazba

Сопственикот на англискиот фудбалски тим Астон Вила, Енди Лернер објави дека клубот е на продажба. Американскиот бизнисмен изјави дека е време да се побара нов сопственик и ново раководство.

Лернер го купи Астон Вила во 2006-та година за 62,2 милиони фунти. Но последните сезони не се така успешни за клубот, вклучувајќи и штотуку завршената во која се пласираа на 15-тото место во Премиер лигата и беше 5 поени над зоната за испаѓање.

„Сега барам нов сопственик и нов идеолог за клубот. Кога јас го презедов, ја имав истата визија. Но, мислам дека во моментов Астон Вила има потреба од свежина во идеите“, изјави Лернер кој го контролира клубот од 2006-та година.

Тој е побарал услуга од американската банка „Мерил Линч“, да биде негов советник при продажбата и изборот на нови инвеститори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП