2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНадал го освои пехарот на Мастерсот во Мадрид

Надал го освои пехарот на Мастерсот во Мадрид

toto

Најдобриот светски тенисер Рафаел Надал успеа да го освои пехарот на Мастерсот во Мадрид откако во финалето, неговиот противник, Јапонецот Кеи Нишикори поради болки во грбот го предаде мечот.

Ова за Надал беше 27.ма титула на Мастерс турнирите, а вкупно четврта освоена во Мадрид.

Нишикори одлично го почна мечот и го доби првиот сет со 6:2. До средина на вториот сет имаше предност и контрола над резултатот, но тогаш почнаа болките во грбот, па Јапонецот побара и медицинска помош.

Надал го искористи тоа и успеа да изедначи на 1:1 во сетови добивајќи го вториот сет со 6:4 во гемови.

Во решавачкиот сет при резултат 3:0 во гемови Нишикори го предаде мечот.

Надал со победата ги одбрани бодовите и ќе остане на првата позиција на АТП листата, додека Нишикори се проби на 9.место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП