28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакитиќ по Мундијалот станува „крал“

Ракитиќ по Мундијалот станува „крал“

ivanco

Според најновите информации кои пристигнуваат од Пиринејскиот полуостров, хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ во следната сезона ќе настапува во тимот од „Сантијаго Бренабеу“.

Хрватот оваа сезона навистина игра во добра форма, а за Севиља на 33 натпревари има постигнато 12 погодоци, а притоа забележал и десет асистенции.

Настапите на Рактитиќ не останаа незабележани, па бројни клубови од Европа се распрашуваат за него, но по се изгледа Реал беше најбрз.

Шпанскиот весник  „АС“ пренесува дека „кралевите“ понудиле 40 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула на фудбалерот во договорот со Севиља.

Според овој медиум, Севиља ќе ја прифати понудата, а хрватскиот репрезентативец со тимот од Мадрид ќе потпише четиригодишен договор. Соработката ќе биде официјализирана по Светското првенство во Бразил, каде Ракитиќ ќе настапи во дресот на хрватската репрезентација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП