22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТренерот на Бенфика ќе го превземе Монако

Тренерот на Бенфика ќе го превземе Монако

Jorge-Jesus-cr

Тренерот на финалистот во Лига Европа, Бенфика, Хорхе Хезус е најактуелната опција за наследник на Клаудио Раниери на чело на францускиот Монако.

Весникот „Л’Екип“ информираше за средбата меѓу Хезус и спортскиот советник на тимот од Кнежевството, Луис Кампос во Лисабон. На средбата која се одржала во петокот, на Хезус му е предложен договор за 2 плус 1 година.

Кампос лобира за португалски тренер уште од доаѓањето во Монако. Тренерот на Спортинг (Лисабон) – 39-годишниот Леонардо Жардим исто така е во листата на кандидати, но на крајот сопственикот на Монако одлучил да се доведе Хезус.

Главни критики од раководството кон работата на Раниери е дека тој не успеал да гиискористи до крај потенцијалите на голем број играчи како Радамел Фалкао, Џејмс Родригез и Жоао Моутињо.

Се очекува официјално Хезусда биде прогласен за тренер на Монако ден по финалето во Лига Европа во Торино, каде неговиот тим ќе се соочи против Севиља. Тој ќе добие остварливи цели за извршување како квалификација во Лигата на Шампионите и победа на некој од националните купови. Хезус во кнежевството со себе ќе доведе и тројца асистенти и еден физиотерапевт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП