3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИмобиле се сели во Дортмунд!?

Имобиле се сели во Дортмунд!?

Italy Soccer Serie A

Напаѓачот на Торино, Чиро Имобиле би можел да биде наследник на Роберт Левандовски во нападот на Борусија Дортмунд.

Претставници на германскиот тим најверојатно допатувале во Торино за да го договорат трансферот вреден околу 15 милиони евра.

Имобиле има 24 години, кариерата ја започна во ривалскиот Јувентус, а пред доаѓањето во редовите на „биковите“ играше за Сиена, Гросето и Пескара. Тој е прв стрелец во Серија А со 21 гол.

Најверојатно него го посакува и неговиот поранешен клуб Јувентус, кој и натаму поседува дел од неговиот договор.

Меѓутоа, како што пренесуваат медиуми, Имобиле би прифатил петгодишен договор со Борусија, само е потребно спортскиот директор на тимот од Дортмунд, Михаел Корк да се договори со директорот на „старата дама“ Бепе Марота околу висината на трансферот.

Борусија бара напаѓач кој ќе го надомести заминувањето на Левандовски во Баерн, а тренерот Јирген Клоп најверојатно е воодушевен од квалитетите на Имобиле.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП