18 -годишниот талент од Саутемптон, Лук Шо, е се поблиску до Манчестер Јунајтед, според одредени медиуми. Во последно време Шо е приоритет за неколку од елитните англиски тимови, , а освен Јунајтед се споменуваат имињата на Челзи, Манчестер Сити, Тотенхем и Ливерпул.
Сепак, се чини дека Манчестер Јунајтед ќе може да смета на услугите на Лук Шо од следната сезона. „Ѓаволите“ планираат да потрошат околу 25 милиони фунти за потписот на англискиот репрезентативец.
Според информациите менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо исто така многу го посакува Шо во своите редови, но проблемот е тоа што тој не може да му гарантира место меѓу стартерите во тимот од „Стемфорд Бриџ“.
Навивачите на Манчестер Јунајтед пак се надеваат дека трансферот на младиот фудбалер ќе биде реализиран во што е можно поскоро време и тој од новата сезона да го носи дресот на тимот од „Олд Трафорд“.