2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити: Цената на Агуеро е 70 милиони фунти

Сити: Цената на Агуеро е 70 милиони фунти

Sergio_Aguero222

Медиумите на Островот ја објавија веста дека Манчестер Сити најверојатно е подготвен да преговара за продажба на најдобриот фудбалер во тимот, Серхио Агуеро.

Цената на репрезентативецот на Аргентина под која „граѓаните“ не би го продавале е 70 милиони фунти.

Ова е голема сума за купување на еден фудбалер, но минатото лето ги имавме астрономските трансфери на Герет Бејл во Реал Мадрид, но и на Нејмар во Барселона.

Токму овие два шпански гиганти се споменуваат како можни купувачи на одличниот напаѓач. Најверојатно, Лео Меси инсистира неговиот голем пријател да дојде во каталонскиот клуб, но општо познато е дека претседателот на Реал е голем почитувач на играчките квалитети на Агуеро.

Овој трансфер делува прилично неверојатен, но имајќи ги во предвид фактите и амбициите на Реал и Барселона кои ги имаат за летниот преоден рок, можеби Сити и ќе започне преговори со барем еден од овие клубови.

Сепак, и покрај обелоденувањето на цената на Агуеро, „граѓаните“ секако најмногу би сакале да го задржат одличниот напаѓач во своите редови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП