6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПоради еко нормите возилата ќе изгледаат се почудно

Поради еко нормите возилата ќе изгледаат се почудно

eko koli

Познато е дека дизајнерите на автомобили немаат одврзани раце кога станува збор за обликувањето на новите модели. На нивната работа влијаат и инженерите, но пред се менаџментот на компанијата. Меѓутоа, во последно време дизајнерите се се повеќе ограничени поради строгите еколошки стандарди.

Шефот за дизајн на групацијата „Volkswagen“, Валтер де Силва, застапник е на чистите, едноставни линии на автомобилите, што може да се види и на најновите модели на германскиот производител.

Но тоа би можело да се промени во блиска иднина со оглед на поострите еколошки норми.

eko koli1

„Да ги задоволиме оптималните аеродинамички карактеристики на идните модели и потребата за пониска потрошувачка и помалата емисија на јаглен-диоксид, можеби ќе бидеме принудени да ја жртвуваме естетиката на автомобилите“, вели де Силва.

Тој во разговор за „Autonews Europe“ предупреди дека новите генерации на возила, како моделот „XL1“, со комплексен и невообичаен изглед би можеле да се појават на патиштата и пред 2020-та година.

„Мојот поглед на дизајнот нема да се промени, но стравувам дека строгите еколошки правила ќе не натераат да правиме автомобили кои нема да бидат убави“, потенцира шефот за дизајн на „Volkswagen“.

eko koli2

Тој сликовито објасни со зборовите дека „аеродинамиката не е уметност, туку наука“ и дека „воздушниот тунел не води сметка за имиџот на марката и за тоа дали автомобилот ќе им се допадне на купувачите, туку дека се грижи само за коефициентот на отпорот на воздухот“.

Како пример дека дизајнерите се притиснати за воведувње на аеродинамичките норми на крајот доаѓаат до слични решенија, а како пример де Силва ги наведе хибридните модели „Toyotа Prius“ и „Hondа Insight“.

Од друга страна, не е се така црно. Потребата дизајнерите да се прилагодуваат на наметнатите еколошки стандарди би можеле кај нив да ја поттикнат креативноста и да вроди со нов квалитет при обликувањето на автомобилите, смета Валтер де Силва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП