21 февруари, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчестер Јунајтед и „Адидас“ подготвуваат рекорден договор

Манчестер Јунајтед и „Адидас“ подготвуваат рекорден договор

man

Се уште англискиот фудбалски шампион Манчестер Јунајтед и компанијата за спортска опрема „Адидас“ подготвуваат договор за спонзорство вреден 60 милиони евра што би преставувал најголем ваков договор во историјата на фудбалот.

Екипата од „Олд Трафорд“ по крајот на сезоната ќе ја загуби шампионската титула, а нема да игра следната сезона во Лигата на шампионите, но и покрај неуспешната сезона, Манчестер е атрактивен за спонзорите.

Според информациите објавени во англиските медиуми, Јунајтед и „Адидас“ веќе постигнале начелен договор и се чека официјализирање на соработката.

Во моментов „црвените ѓаволи“ го одработуваат 10-годишниот договор со компанијата „Најк“ кој им истекува идната година, а по вредност беше двојно понизок од понудата на „Адидас“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП