2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГлоба од 50 милиони фунти за „граѓаните“

Глоба од 50 милиони фунти за „граѓаните“

siti 2

Манчестер Сити ќе биде казнет со 50 милиони фунти и ќе има ограничен состав за следното издание на Лигата на Шампионите, објавија неколку англиски медиуми.

Покрај сериозната парична казна, тимот ќе може да регистрира само 21 играч за ова натпреварување, наместо вообичаените 25. Во овие 21 играчи повторно треба да има осум домашни фудбалери.

Тоа се предложените санкции од страна на УЕФА за кршењето на финансискиот ферплеј. Сити беше еден од 9-те клубови кои беа истражувани од специјалната комисија на УЕФА кој го надгледува почитувањето на финансискиот ферплеј.

Деветте клуба преговараат со комисијата за тоа какви треба да им бидат казните. Се смета дека „граѓаните“ нема да го прифатат овој предлог и ќе поднесат жалба до независна комисија.

Па сепак англискиот клуб ризикува уште поголема казна, бидејќи одлуката на арбитражата ќе биде конечна и нема да може да се преговара за неа.

Се уште нема информации за казната на другиот клуб кој е под сомнение за истото дело – ПСЖ. Според весникот „Екип“ сепак санкциите ќе бидат уште по сурови од оние на Манчестер Сити.

Официјално одлуките ќе бидат објавени на крајот на оваа недела или во почетокот на следната недела. Во случај на жалба, сепак конечните пресуди ќе се забават.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП