17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигна „ѕвер“ од Rezvani (фото+видео)

Пристигна „ѕвер“ од Rezvani (фото+видео)

dzver

Компанијата за изработка на егзотични автомобили од Калифорнија, „Rezvani“, ја претстави својата најнова креација – „Ѕвер“ која е базирана на „Аriel Аtom“, a ја дизајнираше Самир Садиков, залужен за линијата „Аston Мartin DBC“ и концептот „Ferrari Xerzi“.

Покрај конструкцијата од карбон, „Beast“ како и „Аtom“ неможе да се пофали со посебен комфор при возењето, а во понудата ќе се најдат две варијанти – основната „300“ и моќната „500“.

Послабата верзија е со тежина од 666kg, како и 2.0-литарски четирицилиндарски мотор со 315KS кој до „стотка“ стигнува за 2.9 секунди, додека „Beast 500“ е со 500KS и 2.4-литарски агрегат кој до „стотка“ стигнува за 2 стотинки помалку.

dzver1

За моторите беше задолжена компанијата „DDM Works“, која е специјализирана за „Аriel Аtom“.

Цената на моделот „300“ ќе изнесува 86.000 евра, додека помоќната верзија ќе чини 100.000 евра, а интересно е тоа што сопствениците на „Аriel Аtom“ можат своето возило да го „надоградат“ со „ѕверски“ спецификации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП