Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ја одби понудата од 18 милиони евра годишно која за него ја испрати Манчестер Јунајтед, пренесуваат шпанските медиуми.
Како што се наведува во информацијата, „ѓаволите“ минатата недела му понудиле на Анчелоти астрономска сума за да го превземе кормилото на клубот, кој до пред две недели го водеше Дејвид Мојс и кој беше отпуштен поради лошите резултати.
Анчелоти ја одбил понудата со која ќе станеше најплатениот тренер во светот и ќе беше пред Пеп Гвардиола кој годишно како тренер на Баерн Минхен заработува 17 милиони евра.
Италијанскиот стратег во текот на својата кариера ги предводеше клубовите Милан, Јувентус, Парма, Челзи и ПСЖ. Анчелоти има многу добра сезона во Реал, во која ќе игра во финалето од Лигата на Шампионите, неодамна го освои Купот на кралот, а се уште е во трка за освојување на титулата во Примера.