11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБербатов останува во Монако!

Бербатов останува во Монако!

dimce

Бугарската ѕвезда на Монако, Димитар Бербатов се очекува да потпише нов договор со клубот уште оваа недела. Веста ја најавија бројни изданија во Франција.

Според нив, во следните неколку дена се очекува менаџерот на напаѓачот Емил Данчев да дојде во Кнежевството за да ги реализира финалните преговори со раководството.

Се претпоставува дека нема да има некакви проблеми околу условите кои „кнезовите“ ќе му ги понудат на бугарскиот репрезентативец, па поради тоа се очекува наскоро да дојде до договор.

Сигурно средбата ќе биде по натпреварот на Монако вечерва против Гингам. Токму овој тим ги исфрли во полуфиналето од Купот на Франција и го лиши од можноста за трофеј во оваа сезона.

Единствениот прашалник е за времетраењето на договорот. Бербатов сака тој да е за две години, но за тоа треба да се разговара со сопственикот на тимот Дмитриј Риболовлев.

Бугаринот дојде на стадионот „Луј Втори“ на 31-ви јануари од Фулам и имаше договор само до крајот на сезоната.

Но со своите настапи, сепак тој се претстави во одлично светло и не запира да постигнува голови, како во првенството, така и до неодамна во Купот на Франција. Се очекува следната сезона да се формира страшен тандем со во моментов повредениот Радамел Фалкао.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП