Фудбалерите на Ливерпул не успеаја да го победат Кристал Палас и покрај тоа што во 55.минута од синоќешниот дуел во Лондон водеа со убедливи 3:0.
По овој епилог на „црвените од Енфилд“ им остануваат само теоретски шанси во трката за титулата со
Манчестер Сити.
Со головите на Џо Ален, Даниел Стариџ и Луис Суарез гостите дојдоа до убедлива предност, но Кристал Палас не се предаваше и успеа да изедначи со погодоците на Демјан Делејни (79.минута) и Двајт Гејл (81. и 8.минута).
Ова беше последниот натпревар од претпоследното, 37.коло во Премиер лигата.
Ливерпул повторно е лидер на табелата, но второпласираниот Манчестер Сити има натпревар помалку.
„Граѓаните“ со четири бода од последните две средби ќе ја обезбедат шампионската титула.
Резултати на другите натпревари од оваа рунда одиграни викендот: Арсенал – ВБА 1:0, Челзи – Норвич 0:0, Евертон – Манчестер Сити 2:3, Астон Вила – Хул 3:1, Манчестер Јунајтед – Сандерленд 0:1, Њукасл – Кардиф 3:0, Стоук – Фулам 4:1, Свонси – Саутемптон 0:1 и Вест Хем – Тотенхем 2:0.
Табела: Ливерпул 81 бод (37), Манчестер Сити 80 бодови (36 натпревари), Челзи 79 (37), Арсенал 76 (37), Евертон 69 (37), Тотенхем 66 (37), Манчестер Јунајтед 60 (36),…