26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДортмунд ја засили одбраната

Дортмунд ја засили одбраната

frajburg

Новата ѕвезда на германскиот фудбал Матијас Гинтер во интервју за „Sky“ потврди, дека на крајот на сезоната ќе си замине од Фрајбург.

Според информациите 20-годишниот централен дефанзивец ќе се пресели во редовите на Борусија Дортмунд, иако официјално трансферот се уште да не е најавен.

Овој млад перспективен играч настапува во Бундеслигата уште од 18 години, а оваа сезона ги одигра сите натпревари за својот тим. Покрај тоа за три години во елитата, Гинтер добил само шест жолти картони и никогаш не бил исклучен од игра.

Поради неговите одлични перформанси во дресот на Фрајбург, талентот е во поширокиот состав на германскиот селектор Јоаким Лев за светското првенство и има реални шанси да патува за Бразил.

Според информациите Дортмунд за него ќе плати околу 8 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП