5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИбрахимовиќ: Се уште сум фрустриран поради Челзи

Ибрахимовиќ: Се уште сум фрустриран поради Челзи

zlatan-ibrahimovic-psg

Најдобриот фудбалер на Пари Сен Жермен, Златан Ибрахимовиќ рече дека се уште жали поради елиминацијата од Челзи во четвртфиналето од Лигата на шампионите, посебно поради фактот што не играше во реваншот поради повреда.

– Бев многу разочаран и лут. Постојано си го поставувам прашањето што би било кога би играл на реваншот во Лондон. Убеден сум дека сме подобар тим oд Челзи и тоа уште повеќе ја зголемува фрустрацијата. Неколку минути не делеа од полуфинале, но примивме гол. Тоа нека ни биде искуство за следната сезона, изјави Ибрахинмовиќ.

ПСЖ по победата на домашен терен со 3:1, загуби на реваншот со 2:0 со гол примен во финишот од пресметка со Челзи.

Сепак, Ибрахимовиќ и неговиот тим веќе вечерва можат да се израдуваат на нова титула во француската Лига 1. ПСЖ од 21 часот го пречекува Рен и доколку остане непоразен ќе ја обезбеди титулата со оглед на осумте бода предност пред второпласираниот Монако на три кола до крајот на шампионатот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП