2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОTaта Мартино ќе заработи отказ во понеделник!?

Taта Мартино ќе заработи отказ во понеделник!?

herardo martno08

Денешниот натпревар на Барселона на „Ноу Камп“ против Гетафе може да биде последен на тренерот на „каталонците“ Тата Мартино.

Аргентинецот не успеа да го донесе Купот на Кралот и трофејот во Лигата на Шампионите, а второто место во шампионатот исто така не се смета за успех во Барселона.

Раководството на Барселона ќе се собере во понеделник и ќе разговара за следната сезона. Спортскиот директор на „каталонците“, Андони Субисарета ќе треба да го претстави својот план за сезоната 2014/15.

Сите членови на одборот на директори на Барселона имаат право да го дадат своето мислење за секоја тема.

Бордот на директори на Барселона треба да донесе одлука дали ќе се ослободи Херардо Мартино од тренерските обврски или Аргентинецот ќе го исполни договорот со клубот, кој е до летото 2015-та година.

Пред Барселона има неколку опции за тренерската функција под услов да биде донесена одлука Мартино да биде отпуштен.

Исто така ќе биде разгледана трансферната политика на Барселона и привлекувањето на кои играчи е приоритетно. Ќе се дискутира и за имињата на фудбалерите кои ќе бидат продадени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП