9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНоjер останува верен на „баварците“

Ноjер останува верен на „баварците“

nojer

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноjер потпиша нов тригодишен договор. Германскиот репрезентативец го продолжи договорот до 30-ти јуни 2019-та година, објави извршниот директор на „баварците“ Карл-Хајнц Румениге по состанокот помеѓу двете страни во петокот вечерта.

„Импресиониран сум дека Мануел се врза со нов договор само два дена по елиминацијата од Лигата на Шампионите. Тој рече дека сака да остане во Баерн засекогаш, што уште еднаш го покажа неговиот одличен карактер“, изјави Румениге.

28-годишниот Нојер се приклучи на Баерн од Шалке 04 во 2011-та година.„Баварците“ платија за него 24 милиони евра, што го претвори во вториот најскап голман во историјата по Џанлуиџи Буфон, кој премина од Лацио воЈувентус за сума од 54 милиони евра.

Досега Нојер одигра 147 натпревари во дресот на германскиот шампион, освојувајќи седум трофеи, вклучувајќи и две титули во Бундеслигата и еден трофеј во Лигата на шампиони. Тој веќе има и 45 средби за националниот тим на Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП