28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПо финалето во Лисабон, Коста заминува за Лондон!?

По финалето во Лисабон, Коста заминува за Лондон!?

diego celzi2

Медимите соопштуваат Диего Коста ќе стане фудбалер на Челзи по финалето во Лигата на Шампионите помеѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид.

Според информациите раководството на Челзи се согласило со барањата на Атлетико Мадрид за трансферната сума на играчот. Лондончани ќе платат 40 милиони евра за шпанскиот репрезентативец.

Истовремено, Диего Коста ги прецизирал личните услови со Челзи. Тој ќе потпише петгодишен договор со клубот и ќе добива по 4 милиони евра годишно.

Двата клуба се договориле за деталите на трансакцијата по натпреварот на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон. На средбата присуствувал и менаџерот на Диего Коста, кој од своја страна се договорил со претставниците на Челзи за личните услови на играчот.

Не е исклучено во договорот да биде вклучен и Фернандо Торес, кој е се поблиску до враќање на „Висенте Калдерон“.

Трансферот на Диего Коста официјално ќе биде објавен по финалето во Лигата на Шампионите помеѓу тимовите на Реал Мадрид и Атлетико Мадрид кој е закажан на 24-ти мај во Лисабон.

Преминувањето на Коста на „Стемфорд Бриџ“ значи дека Челзи ќе се раздели со Самуел Ето и Демба Ба, кои ќе заминат во Тотенхем и Рома.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП