17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБакари Сања се сели во Сити!?

Бакари Сања се сели во Сити!?

bakari sanja40

Манчестер Сити е на пат да привлече во своите редови уште еден фудбалер од Арсенал. Тоа е дефанзивецот Бакари Сања, чиј договор истекува на крајот на сезоната.

Засега Французинот одбива да потпише со „топџиите“, а последните информации се дека веќе се започнати разговори со претставниците на „граѓаните“ и дека тој ќе замине на „Етихад“ во текот на летото.

Пред извесно време интерес кон Сања имаше и од Интер, Милан и Монако, а во последните денови пак се појавија информации дека играчот се договорил со турскиот Галатасарај.

Сепак, се чини дека од Манчестер Сити се подготвени да ја претекнат конкуренцијата и закажаа разговори со десниот бек веднаш по натпреварот со Хал Сити.

Ако Сања го прифати предлогот на „граѓаните“, тој ќе стане петтиот фудбалер кој премина од Арсенал во Манчестер Сити, откако во последниве години тоа го сторија Коло Туре, Еманеул Адебајор, Самир Насри и Гаел Клиши.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП