17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса го обезбеди првиот дефанзивец!?

Барса го обезбеди првиот дефанзивец!?

barsa def

Барселона си ги обезбеди услугите на дефанзивецот Ајмерик Лапорте од Атлетик Билбао, соопштува „Telebilbao“.

Според информациите, Барселона ќе плати сума од 36 милиони евра, која стои во договорот на Лапорте како клаузула за негово ослободување.

„Telebilbao“ тврди дека кон Лапорте имало интерес од страна на Манчестер Сити, а и дека лично спортскиот директор на „граѓаните“ Чики Бегиристајн се поврзал со претставниците на Атлетик Билбао, но тие му објасниле дека веќе имаат постигнато договор со Барселона.

Ниту еден од двата клуба не ја потврди информацијата.

Барселона објави дека ќе се обиде во летниот преоден рок да доведе двајца нови централни дефанзивци.

19-годишниот француски дефанзивец остави одлични впечатоци со играта во оваа сезона.

Тој е дел од првиот состав на Атлетик Билбао од 2012-та година и има договор со Баскијците до 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП