5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗлатен квартал за Škoda

Златен квартал за Škoda

skoda pro3

Чешката автомобилска компанија „Škoda“ во првиот квартал оствари оперативен профит од 185 милиони евра, што е годишен раст од 65,2 проценти.

Како што е објавено на интернет страната на концернот „Volkswagen“, во чиј состав е и „Škoda“, приходот на чешката фабрика е зголемен за 23,7 отсто или на три милијарди евра.

„Škoda“ претходно во овој месец објави дека во првите три месеци од оваа година продале рекордни 247.200 возила или 12,1 проценти повеќе отколку во истиот период од минатата година.

Само во март продажбата на чешкиот производител порасна за 14,6 отсто на годишно ниво и достигна 96.100 возила, а како што изјавија во компанијата, ова е нивни најдобар резултат за првиот квартал и за март месец во историјата на фабриката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП