2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВимблдон го зголеми наградниот фонд до 25 милиони фунти

Вимблдон го зголеми наградниот фонд до 25 милиони фунти

vimbldon osvojuvaci

Наградниот фонд на Вимблдон беше зголемен за 10,8 % и достигна рекордни во историјата на тенисот 25 милиони фунти (30.43 милиони евра).

Во оваа година победниците во индивидуалните натпреварувања ќе добијат по 1,76 милиони фунти. Тоа е за 10% повеќе отколку што во минатата година земаа шампионите Енди Мареј и Марион Бартоли.

За 10 % или на 880.000 фунти се крева премијата за поразените во финалето, а елиминираните во полуфиналето ќе добијат два пати помалку. Сите тенисери кои ќе стигнат до четвртфиналето на својата сметка ќе добијат 225.000 фунти.

Тенисерите кои ќе отпаднат во првиот круг, ќе си заминат со 27.000 фунти, што е за 12,5 % повеќе во однос на 2013-та година. Во последните три години оваа сума се зголемила за 135 %.

„Тоа е нешто што ќе продолжиме да го правиме. Играчите вложуваат исклучително многу напор за да дојдат тука и да стигнат до првиот круг. Тоа ги чини многу пари за патувања, тренинзи, плати на тренерите и така натаму“, изјави извршниот директор на турнирот Ричард Луис.

Пред две недели и вториот европски турнир од Гренд Слем – „Ролан Гарос“, најави зголемување на наградниот фонд . Учесниците ќе поделат 25 милиони евра, што е за три проценти повеќе во однос на 2013-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП