8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИнтер договори 20 милиони евра по сезона

Интер договори 20 милиони евра по сезона

inter infront

Италијанскиот гигант Интер ќе заработува по 20 милиони евра годишно од маркетинг компанијата „Infront“ која ќе ги поседува правата за продажба на предмети со брендот на миланскиот клуб.

На прес-конференција претседателот на „нероазурите“ Ерик Тохир најави дека во наредните четири години 18-кратниот италијански шампион ќе добие 80 милиони од договорот со швајцарската компанија.

„Имаме договор, кој е еквивалентен на 80.000.000 за период од четири години. Сумата е зголемена за 50 % во однос на онаа од претходниот договор. Нема да запреме тука. Имаме и други планови за Интер. Ќе разговараме и со други спонзори, ќе купиме двајца нови играчи“, се довери шефот на „црно- сините“.

Новиот сопственик на тимот од „Џузепе Меаца“ има големи планови за клубот, па тој сака веќе во следната сезона Интер да биде меѓу конкурентите за титулата во Серија А, но и посакува и добар настап на евросцената, иако „нероазурите“ со моменталната петта позиција на табелата ќе можат да обезбедат пласман само во Лига Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП