7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПогледнете колку заработуваат најплатените фудбалерки

Погледнете колку заработуваат најплатените фудбалерки

fudbalerka naslovna

Женскиот фудбал е многу помалку гледан од машкиот и следствено платите за жените не може и да се споредува со оние на мажите. Некои дами сепак успеваат да си добијат добра популарност во овој машки спорт.

Погледнете колкави се годишните плати на петте најдобро платени дами во фудбалот:

5. Сиднеј Лерукс (САД) – 60.000 долари.

fudbalerka 5

Првично таа играла безбол како нејзините родители. Сепак во гимназијата таа се заинтересирала по фудбалот. Професионалната нејзината кариера започнува во 2005-та година во „Vancouver Whitecaps“. Нејзината мајка е Канаѓанка, а нејзиниот татко е Американец. Лерукс беше силно критикувана поради својата одлука да смени националноста од канадска во американска . Од 2013-та година игра во „Boston Breakers“. Освои златен олимписки медал со тимот на САД на Олимпијадата во Лондон во 2012-та година.

4. Хедер О’Рајли (САД) – 65.000 долари.

fudbalerka 4

Го носи дресот на „Boston Breakers“. Има златен медал со тимот на САД на Олимпијадата во Лондон во 2012-та година.

3. Алекс Морган (САД) – 70.000 долари.

fudbalerka 3

Почна да игра фудбал на 14-годишна возраст. Го постигна победоносниот гол против Канада на Олимпијадата во Лондон 2012-та година, со кој го прати својот тим во финалето против Јапонија, каде победува селекцијата на САД. Таа е една од најпопуларните фудбалерки. Нејзината годишна плата е 70.000 долари, но таа заработува повеќе од рекламни договори. Но во оваа листа, сепак се земени само парите за фудбал.

2. Аби Уамбах (САД) – 190.000 долари.

fudbalerka 2

Со овој спорт се занимава од мала и е прифатена во „University of Florida“ со стипендија поради успесите во фудбал. Има освоено три златни медали од Олимписките игри – од 2004-та, 2008-та и 2012-та година.

1. Марта Виеира (Бразил) – 400.000 долари.

fudbalerka 1

Почна да игра фудбал на 14-годишна возраст. Во 2004-та година потпишува за својот прв голем тим – шведскиот „Umea IK“. Од 2008-та година игра во „Los Angeles Sol“. Во 2008-та година освои сребрен медал на Олимпијадата во Пекинг. Марта досега беше петпати прогласувана за фудбалерка на годината, а уште четири пати беше меѓу најдобрите три.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП